Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска оствари посета на просториите на Бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ) лоцирани во кумановската касарна „Боро Менков“.
Како што вели Димитриевски, командата се наоѓа во најстарата зграда во Куманово, каде денеска бил пречекан од страна на националните претставници на државите – членки на СЕЕБРИГ.
– Заедно со командантот на бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), бригадниот генерал Евангелос Митруцикос во брифинг салата проследивме презентација за историјата, мисијата, реализираните и идни предвидени активности на СЕЕБРИГ, напиша Димитриевски на Фејсбук.
Во рамките на кратката обиколка на работните простории, Димитриевски бил запознаен и со условите, во кои, како што потенцира, беспрекорно функционира бригадата на Југоисточна Европа.
При посетата, кумановскиот градоначалник се потпишал и во Книгата на впечатоци на СЕЕБРИГ.
Никола Ивановски