Димитриевски: Усвојувањето на Платформата за национално единство е потребно за државата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ се уште го очекува одговорот од коалициските партнери за поднесената платформа за национално единство и дефинирање на македонските црвени линии.

Loading...

Како што истакна денеска претседателот на партијата Максим Димитриевски, тоа ѝ е потребно на државата.

– Тоа не е само платформа за национално обединување туку сеопшто обединување на ниво на нација која се однесува и на нас Македонците како народ основоположник на нашата држава, а и за сите етнички заедници кои живеат во нашата држава. Македонија заслужува да оди напред, а ова е една добронамерна платформа, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Амбасадорот на Европската Унија денеска ќе го посети Куманово

 

 

Се чека одговорот од коалициските партнери до владата, но Димитриевски вели дека тоа нема да се случи преку ноќ и дека ќе се обидат да ѝ објаснат и на опозицијата дека тоа е добро за државата.

– Имаше првични коментари и тоа ќе биде еден процес, нема да се случи преку ноќ и потоа ќе се обидеме да ѝ објасниме и на опозицијата дека таа платформа е добра и за државата и за сите нас, со која ќе се стави крај на некои проблеми кои се влечат од минатото и стереотипите ќе се надминат и заедно ќе се придвижиме напред, а тоа ќе биде еден да кажам документ стратешки врз база на кој по негово усвојување во парламентот ние не би се занимавале повеќе со политиканство, додаде Димитриевски.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Амбасадорот на ЕУ во посета на Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Тој додава дека веќе има разговарано на таа тема со некои од политичките лидери, но прецизни разговори ќе се случат на ниво на делегации на партии.

Димитриевски ја претстави платформата за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии кон средината на минатиот месец. Нејзина цел е да ги обедини сите политички фактори за да се изгради државен став со кој ќе се обезбеди и гарантира достоинствен пат на Македонија за остварување на полноправно членство во Европската Унија.

Никола Ивановски