Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска беше домаќин на амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер.
Loading...
– Денеска бев домаќин на Словенечкиот амбасадор Н. Е. Грегор Прескер и заменикот амбасадор Татјана Ковачиќ, кои се во прва официјална посета на Општина Куманово, изјави Димитриевски.
Loading...
Како што вели градоначалникот, на средбата било истакнато обостраното задоволство од воспоставените односи на двете страни, со позитивни очекувања за континуирана понатамошна соработка.
Никола Ивановски