Димитриевски ја повлече точката за Б-зона на „Октомвриска револуција“

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски на денешната седница на Советот ја повлече предлог одлуката за воведување Б-зона за паркирање на булеварот „Октомвриска револуција“.

Loading...

Како што рече градоначаникот, нема намера да оди против волјата на граѓаните, кои одржаа и протест против ваквото предлог решение.

Рече дека оваа идеја потекнува дури од 2010 година. Ги наведе и имињата на иницијаторите кои низ годините до општината и ЈП „Куманово паркинг“ поднесувале барања да се воведе зонско паркирање кај зградите на „Октомвриска револуција“

– Ги разбирам граѓаните, се соочуват со генерален проблем што го имаме во градот, а тоа е недостиг на паркинг места. Совевремено Куманово е формиран како град со сообраќајна ифнраструктура за капацитет од 8.000 возила, а во моментот имаме над 27.000, рече градоначалникот.

Како што посочи Димитриевски во своето излагање, во текот на 2020 година група граѓани поднеле барање да се воведе зонско паркирање. Во меѓувреме е даден предлог до ЈП „Куманово паркинг“ да спроведе анкета со граѓаните од овој реон на таа тема.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко

– Добив информација дека истото има направено сондажа и најголем дел од граѓаните се согласуваат со воведување Б зона со цел да им се даде можност да ги паркираат своите возила на една локација по овалстена цена. Сите други граѓани би плаќале полн износ на услуите и би се ослободиле паркинг места за да се користат од луѓето кои живеат тука, рече Димитриевски.

Според Димитриевски, сепак воведувањето Б зона е идеално

На граѓаните им било предложено да плаќаат по 10 денари дневно за паркинг местото, а откако не се согласиле надлежните понудиле по 5 денари за ден. И таа понуда на крајот не била прифатлива.

– Добив информација дека не се сложуваат и сакам да кажам како градоначалник дека никогаш во рамките на моите надлежности нема да одам против волја на сопствените граѓани. Им кажав, доколку сметате дека треба да остане постоечката остојба, ок, нека остане, но ние повторно ќе се соочиме со истиот хаос и проблеми на тие локации, рече тој.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворена изложбата „Гласна тишина“ на Мартина Спасовска во Куманово

Димитриевски рече дека ќе се направи посеопфатна анализа, однсоно ќе се направи список колку возила имаат граѓаните на таа локација, и секој поединечно ќе биде прашан за мислење. Потоа таа анализа ќе се достави до Советот.

– Ако оставиме овој проблем да тлее, по 2 месеци ќе добијам нови барања од групи граѓани кои бараат воведување времено паркирање. Точно ќе направиме анализа, кој објект, која зграда и влез е заинтересиран за таков тип на услуга, а се работи за 150 денари на месечно ниво, други и помалку и тоа е цена на две кафиња, и тогаш ќе излеземе со сеопфатна анализа и објаснување па одлуката е на вас дали ќе ја донесете или не, рече градоначалникот.

Ги осуди обидите на одредени политичари, како што вели, да купуваат евтини политички поени

– Видов дека во изминатиот период неколку луѓе од политичкот живот се јавија да дискутираат на оваа тема и многу популистичките ги подржаа ваквите по мене лоши одлуки, освен популизам нема да имаат друг бенефит, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 18-годишник од Куманово поради кражба

Димитриевски вели дека добил критика од пратеник кој не сакаше да го именува, но сепак упати прашање до него.

– Сакам да упатам порака до пратеникот и да го прашам каде тој ја паркира неговата кола на „Перо Шварц“ и зошто ја паркира пред станбен објект кој е од индивидуален каратер, а живеат по 30 семејства, а не во подрумските простории. Се работи за чист популизам од одредени претставници, нема да му го споменувам името, затоа што јасно и гласно вчера ме прашуваше во јавноста, па еве да му одговорам, посочи градоначалникот.

Инаку, седницата која требаше да започне во 10 часот, започна околу еден час подоцна и сѐ уште се утврдува дневниот ред. Во меѓувреме имаше и две паузи.

Никола Ивановски