Градоначалникот на Општина Куманово и претседател на Движење ЗНАМ – За наша Македонија денеска упати честитка за Илинден.
Тој повиква на почитување и празнување на овој голем македонски празник, а неговата честитка ви ја прнесуваме интегрално во продолжение.
„Денешниот ден, големиот христијански празник Св. Илија е потсетник за поставување на темелите на современата македонска држава, но и претставува ден за сеќавање и оддавање почит кон сите оние koи се бореле со своите дела, подвизи, трајно вградувајќи се во државноста.
На 2 август 1903 започнало Илинденското востание, а во 1944 година, недалеку од Куманово – во манастирот Св. Прохор Пчински е одржано првото заседание на АСНОМ.
Денеска, нашата задача, обврска и аманет е сите заеднички да продолжиме по тој пат – да ја чуваме и да ја развиваме слободна и самостојна Македонија, кон патот на Европската Унија, но исклучиво како горди Македонци, со своја македонска историја, македонски јазик и идентитет!
Да го почитуваме и празнуваме овој голем македонски празник, да ја славиме македонската историја, да се грижиме за подобар живот на нашите граѓани, да им овозможиме на младите поголеми шанси за напредок и да вложуваме во нивната иднина. Само на овој начин ќе можеме да кажеме дека сме успеале!
Нека ни е честит најголемиот македонски празник Денот на Републиката – Илинден!“ – напиша Димитриевски.
Никола Ивановски