На Меѓународниот натпревар по англиски јазик ”HIPPO”, кој се одржа во Лидо ди Џесоло, Италија, двајца ученици од Куманово се вратија дома со освоени награди.
Матеј Серафимовски од VI-3 одделение од ООУ ”Кочо Рацин” од Куманово, со освоени 93,33 насто успех во четири вештини, и тоа пишување, зборување, читање и слушање со разбирање, се пласираше на 10-тото место во категорија Hippo 1, соопшти менторот Анита Димовска, професор по англиски јазик и ментор.
Во генерација 1998, ученикот Стефан Соларски од СОУ Гимназија”Гоце Делчев”со 83,71 % успех се пласираше на 6 – то место во категорија Hippo 4 под менторство на професор Елена Марковска.
Матеј е наша гордост, вели неговата менторка Анита Димовска. Ова е голем успех за сите нас.