ДЕРБИ: ГФК Куманово утре го пречекува ФК Еуромилк

Сподели со своите пријатели

Со почеток во 15:00 часот на Градскиот стадион во Доброшане, ГФК Куманово утре го пречекува составот на ФК Еуромилк.

Loading...

Станува збор за дерби натревар, за кој управата на ГФК Куманово, ги повикува граѓаните да дојдат во што поголем број и да ги поддржат.

– Дојдете на стадионот сега кога сте ни најпотребни да ги дадеме поддршка на нашите фудбалери. Ние ви ветуваме дека ке го оставиме срцето на теренот и дека ке ја задржиме лидерската позиција на која сме од почетокот на првенството така ке биде и до крајот на првенството, велат од клубот.

ГФК Куманово е лидер во табелата во Третата фудбалска лига Север и покрај поразот од Шкендија Арачиново, натрепвар кој кумановци го играа под провокации и напади од редарите на клубот, публиката и самите противнички фудбалери.

Никола Ивановски