Времето денеска во предпладневните часови сончево со мала до умерена локална облачност, која околу пладне ќе се зголемува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во попладневните часови ќе преовладува пронемнливо облачно време, во крајните југозападни западни делови со услови за слаб локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Највисоката дневна температура ќе се движи во интервалот од 10 до 16 степени.
Куманово и околината денеска ќе имаат можност да уживаат во малку повеќе сончеви периоди, но сепак на момент присутна ќе биде и облачноста, која претежно во вечерните часови ќе се зголеми, но нема да донесе нови врнежи. Максималната дневна температура ќе се искачи до 13-от, а минималната во текот на ноќта ќе се спушти до еден степен во позитива.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво, освен утре во попладневните часови кога во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. В недела и в понеделник ќе преовладува сончево и релативно топло време а во вторник повторно се очекува зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и врнежи од дожд.