Нова рунда од судењето за предметот „Диво Насеље“ закажана е за денеска со почеток од 10 часот, откако до сега се одржаа неколку на кои свои искази даваа обвинетите за тероризам и уривање на државниот поредок.
На претходното рочиште сведочеа тројца сведоци предложени од страна на обвинителството, меѓу кои ќерката и сопругата на еден од обвинетите, жители на населбата.
Инаку Основното јавно обвинителство во ноември минатата година поднесе обвинение против 29 лица учесници во немирите кои ги терети за „тероризам“ и „уривање на државниот поредок“, откако на 9 и 10 мај минатата година во кумановската населба „Тоде Мендол“ беа убиени осум припадници на полициските сили, а 37 завршија со повреди.
Во акцијата тогаш беа убиени 10 членови на вооружената група, меѓу кои и организаторите и лидерите на групата, додека останатите се предадоа на полицијата по неколкучасовно разменување рафални стрелби.