Денеска посвежо со услови за врнежи од дожд и грмотевици

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во поголемиот дел од земјата, освен на крајниот југ, ќе има слаб до умерен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 25 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со услови за дожд и грмотевици во попладневните часови. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец, а температурата ќе се движи од осум степени во утринските часови, до максимални 17 во текот на денот.

 

 

За време на викендот ќе биде претежно сончево и топло со послаб јужен ветер.

Никола Ивановски

Leave a Reply