Страшна автобуска несреќа во Египет, најмалку 15 мртви!

Сподели со своите пријатели

Во автобуска несреќа на југот од Синај во Египет, загинаа 16 лица, додека уште 28 се повредени, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила на патот помеѓу Дахаб и Нуваиба, соопшти Министерството за здравство.

Синајскиот полуостров на југот од Египет е популарна туристичка дестинација, особено за нуркање и нуркање со маска во Црвеното Море.

Според првите информации, автобусот се превртел. Во овој момент не е познато како се случила несреќата, дали возачот ја изгубил контролата или имало контакт со друго возило.

Бројни екипи на брзата помош се на местото на настанот, кои ги транспортираат повредените во болниците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голем бунт во ЕУ: 13 земји бараат да се стопираат новите закони, еве што му предлагаат на Брисел

Исто така, во овој момент нема информации дали станува збор за туристички автобус.