Една десетина од светската популација ја сочинуваат луѓе кои пишуваат со левата рака.
Порано се сметало дека пишувањето со лева рака е слабост, односно дефект, па таквите деца уште од мали нозе биле принудени да го држат моливот во десната рака.
Меѓутоа, времињата се сменија, а за левораките може да се каже дека се натпросечно интелигентни, мудри и креативни.
Со оглед на тоа дека светот е поставен на огромното мнозинство на „десничари“, луѓето кои ја користат левата рака биле принудени да се приспособат и да ја користат десната рака покрај левата.
Многу познати имиња припаѓаат на светот на леваците, како Никола Тесла, Аристотел, Марк Твен, Чарли Чаплин, Пол Макартни, Леонардо да Винчи, Наполеон, Џими Хендрикс…