Денес во Собрание ќе бидат избрани министри од редовите на СДСМ

Сподели со своите пријатели

Точно напладне, денес започнува собраниската седница на која пратениците по предлог на Груевски ќе ги изгласаат петте министри и заменици од редовите на СДСМ, а согласно Договорот од Пржино.

Loading...

Оставките на министерот Митко Чавков, Диме Спасов како и на Марта Арсовска – Томовска веќе се депонирани во кабинетот на премиерот, а на нивно место денес ќе бидат избрани Оливер Спасовски, Фросина Ременски, како и  замениците за информатичко општество  Александар Кирацоски,  за финасии Кире Наумов и за земјоделие Љупче Николовски.

Претседателот Ѓорѓе Иванов веќе ги потпишал указите на пакетот закони што вчера беа донесени во Собрание, а со кои се регулира имплементацијата на договорот од Пржино, пренесува порталот Локално.мк. Законите ќе стапат на сила откако ќе бидат објавени во Службен весник.

Премиерот Никола Груевски кој истотака ќе мора да замине од функцијата до Нова година, денес после 2006, за првпат во владиниот состав ќе мора да соработува со министри од редовите на СДСМ.