Денес е Ѓурѓовден – празник на будење на природата

Сподели со своите пријатели

Ѓурѓовден  се вбројува меѓу поголемите пролетни празници што го празнува не само христијанското, туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто.

Loading...

Ѓурѓовден се слави на шести мај. Значи тој е неподвижен празник, не го менува датумот, туку само денот во неделата. Се слави како именден во сите куќи каде што има крстени со името Ѓорѓија, Ѓоре, Ѓуро, но се чествува и како сведен, домашна слава. Со Ѓурѓовден се празнува и се одбележува будењето на природата.

Спроти Ѓурѓовден се оди по билки. Сите заедно низ полето берат растенија од штотуку расцутените плодни дрвја и цвеќиња.

Житието вели дека се слави големото страдање на Св. Ѓорѓи Победоносец.

Leave a Reply