Ситуацијата денеска во Тетово изгледа хаотично и катастрофално. Вчерашното силно невреме и надојдените води на реката Пена зад себе оставија вистински хаос.
Икршени столици, маси, автомобили и многу кал – ваква е состојбата денеска во најпогодените предели на Тетово. Глетката е стравична.
Полицијата и локалното население се во активна потрага по 6 годишно девојче кое се води за исчезнато, а изутринава беа потврдени 4 жртви од кои 3 малолетни деца, додека над 30 побарале лекарска помош.
Започнато е расчистување на теренот од страна на тешка механизација ангажирана од Дирекцијата за заштита и спасување, а на помош пристигна и Армијата на Република Македонија.
[huge_it_gallery id=”131″]
Од задравствени и хигиенски причини во Мала Речица е забранета употреба на вода од градскиот водовод.
Материјалната штета допрва ќе се утврдува, а за денес е закажана итна владина седница за поплавените региони од вчерашното силно невреме.
Фото: Вечер.мк