– Продолжуваме со реализација на проектот. Денеска ја испраќаме првата група од 100 – тина деца од Скопје и Куманово. Проектот ќе се реализира на секои седум дена се` до крајот на август со што ќе се опфатат дополнителни 2.000 деца, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој ја испрати првата група деца на бесплатен одмор од скопската меѓуградска автобуска.
Тој додаде дека проектот за бесплатен летен и зимски одмор за децата од семејствата во социјален ризик се реализира од 2012 година и дека досега оваа поволност ја имаат искористено 9.000 семејства во социјален ризик, а заклучно со годинава ќе ја имаат искористено 11.000 деца.
Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот Крст истакна дека годинава се вклучени со 55 волонтери од 10 општински организации кои ќе се грижат да направат добар одмор.