Деца од 3 до 17 години ја оживеаја приказната „Зајакот и желката“ во МКЦ „Козјак“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во салата на МКЦ „Козјак“ во Куманово синоќа се одржа музичко-сценскиот спектакл „Зајакот и желката“, заеднички завршен настан на здруженијата Перципио и Скил Фектори, реализиран со поддршка на Општина Куманово.

 

 

Пред почетокот на претставата, актерот од Театар Куманово, Никица Јанковски, кој заедно со нив работи на овој проект, истакна дека станува збор за безвременска бајка која овојпат оживеала преку најмладите учесници кои неколку месеци вредно работеле на подготовките.

– Една безвременска бајка, една безвременска приказна, а тоа е „Зајакот и желката“, приказна која оживува преку децата, овојпат преку најмладите кои вредно работеа веќе неколку месеци заедно со нас, со Скил Фектори и со Перципио, да направиме нешто заедничко, изјави Јанковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово ќе биде домаќин на 6. Меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“

 

 

Тој посочи дека ова е четврта или петта заедничка соработка со Скил Фектори на ваков мјузикл и додаде дека верува оти претставата ќе биде добро прифатена од публиката.

– Морам да споделам со вас дека е уште попрекрасно да бидете некаде зад сцената заедно со најмладите, кога се сите подготовки, и се радувам бидејќи успеавме овој сон да го оствариме. Како што вели еден голем автор, „Важно е да сонувате, но важно е и да остварувате“, рече Јанковски.

 

 

Во претставата учествуваа деца на возраст од три до 17 години, кои преку песна, игра и актерска игра ја донесоа познатата приказна за зајакот и желката.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изложбата „Водени записи“ утревечер во Куманово

 

 

Јанковски нагласи дека работата со децата за него претставува голема инспирација и предизвик.

– Јас ова го работам со нив пред сè заради една огромна инспирација, но и огромен предизвик за мене, бидејќи морам да признаам дека учам од нив. Децата се искрената публика, но децата се и најискрените критичари и токму затоа сум со нив и работам со нив, за да можам да се приближам до детските претстави и да го извадам сето тоа на сцена“, изјави Јанковски.

 

 

Настанот беше проследен од бројна публика која ги награди младите учесници со аплауз за нивниот труд и настап.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски