Данило Неговановиќ и официјално е нов играч на позиција 1/2, соопшти управата на Кошаркарскиот клуб Куманово.
Loading...
Неговановиќ (189 см, 1988), доаѓа од екипата на КК Леотар кај што завршил како трет стрелец во босанската лига со просек од 17.5 поени по натпревар.
Во меѓувреме, КК Куманово на вчерашниот одигран меч во рамките на Меморијалниот турнир „Димитар Ѓорѓиев“ во Кавадарци, на средба со МЗТ Скопје, изгуби со резултат 76-83 за МЗТ.
Кумановските кошаркари со овој резултат, денес ќе се борат за трето место во натпреварот со домаќинот Фени Индустри.