Дамјановски: Ниту една карта на ученик не е поскапа од 4,8 до 5,2 денари по километар (видео)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски на денешната прес конференција истакна дека сите наводи за енормните бројки што ги наведува ВМРО-ДПМНЕ за училишниот превоз се огромна шпекулација, невистина и лага со цел да се демаскира криминалот на партијата на власт.

Секој осознаен човек во ова општество на таква конференција за печат би се запрашал за вистинитоста во она што го зборува. Жал ми е за такви млади луѓе што во моментот од за нив разбирливи причини или придобивките во политиката што ги имаат излегуваат и сами свесни дека тоа што го зборуваат не е веродостојно. Жал ми е што млад човек дали не сака или мора да се дружи со една една весела математика и да излегува со бројки што и нему не му се јасни – вели Дамјановски.

Дамјановски истакна дека тие бројки се на годишно ниво и дека зависно од дестинација цената е од 4,8 до 5,5 денари по километар.

Сакам да ве информирам дека ниедна карта на ученик не е поскапа од 4,8 до 5,2 денари по километар. Имаме дестинации каде поради положбата од каде ги возиме учениците, превозниците одат неколку пати празни, полни бидејќи тоа се некои места во приградските населби и негде картата е 5,5 денари или 5,4, а негде 4,8 во поблиските градови – истакна градоначалникот.

Тој вели дека поради положбата на врхушката на власта некој свесно манипулира со овие бројки.

Тие пари се наменски дотации кои се даваат од централниот буџет и тие пари се под строга контрола. Кој може ако некој  му предвидел пари со проценка од Министерството за финансии да у тој габарит на средства даде цена повисока 1.200 пати. И тоа што го зборува младиот човек не ми е јасно. Ајде пратеникот никогаш не се дружел со математика, енговите базични сознанија од таа наука претпоставувам не се ни познати, али овој млад човек кој сметам дека нешто учел во новиот реформиран образовен систем на Република Македонија да такви нотурни невистини и глупости изнесува – вели Дамјановски.

Тој порача Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ да ги отвори јавните набавки за изградбата на базенот во Охрид кој е сличен на кумановскиот, но државата ќе ја чини двојно повеќе.

Му препорачувам на овој млад човек да ги отвори јавните набавки за затворениот и отворениот пливачки базен и нека ја спореди со јавната набавка на затворениот базен во Охрид и нека излезе што значи квадратен метар, што значи градба, што значи цена и тогаш ќе му биде јасно каде се трошат народните пари во Република Македонија и како се менаџираат парите на граѓаните во Општина Куманово.

Дамјановски уште еднаш одговорно рече дека тој проект е двојно помал од оној во Охрид.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...