Дамајновски: Во предвечерието на изборите се прават афери против општината (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово денес свика итна прес конференција по вчерашните објави дека вработени во локалната администрација ја злоупотребиле својата службена положба и овластувања кои ги имале за што добија и кривични пријави, а медиумите информацијата ја пренесоа од билтенот на Министерството за внатрешни работи.

Дамјановски истакна дека нема да го попречуваат истражниот процес, но дека ова е веќе позната метода за купување политички поени во предвечерието на изборите и фрлање дамка врз локалната самоуправа.

Не е прв пат државните институции да се користат со пропагандистички и популистички цели и во предвечерието на изборите да се прават некакви афери за да се фрли анатема на локалната самоуправа се со цел да се добијат некакви поени. Не сакаме да водиме паралелен истражен процес, но објавување на ваква информација без поткрепа и ширење и можност да се даде демант во јавноста мислам дека не сме до правиот пат за информирање на граѓаните – вели Дамјановски.

Тој додава дека постапката е водена според сите закони и прописи за градба, според Деталниот урбанистички план и дека актерите во процесот имале целосен увид во потребната документација, со што не е извршено прекорачување на службените овластувања на наведените лица.

Од страна на Секторот за урбанизам и комунални дејности издадено е одобрение на 23.11,.011 година. Се работи за колективен станбен објект и одобрение за градење е издаден согласно Деталниот урбанистички план кој што е усвоен од страна на Советот на општината на 30.06.2011 година. Токму од подносителите на оваа кривична пријава е покрената иницијатива за утврдување на уствноста и законитосна на целиот урбанистички план и од страна на Уставниот суид е одбиена каок неоснована – вели Лидија Ланг Спасовска, раководител на Сектор за урбанизам и комунални дејности.

DSC_0004

Loading...

 

Ланг Спасовска додава дека подносителот на кривична пријава во два наврати бил известен, пред добивање на одобрението и тој доаѓал во општината и извршил увид во техничката документација, при што доставил забелешки во писмена форма за одредени урбанистички параметри.

Наводите на подносителот на кривичната пријава се однесуваат на тоа дека не бил известен од страна на референтот за да направи увид во самата техничка документација при издавање одобрение за градба. Согласно Законот за градба сме должни откако ќе го потпишеме одобрението за градба да ги известиме непосредните соседи и имаат определен законски рок да изразат жалба и истата да се процесира до второстепените органи кои се надлежни да ја утврдат точноста и законитоста на точната постапка – објаснува Спасовска.

Откако било издадено одобрението, како што вели раководителот на Секторот за урбанизам и комунални дејности, истиот повторно бил повикан за да направи увид во документацијата, но истиот не се јавил во определениот временски рок со што одобрението добило зелено светло.

На прес конференцијата беа презентирани и документи со кои се докажува дека сите одлуки се извршени во согласност со Законот.

 

 

На новинарско прашање дали минситерот Оливер Спасовски ги известил за оваа кривична пријава, градоначалникот Зоран Дамјановски категорично негираше, истакнувајќи дека општината нема да се крие зад ниту една институција.