Дали веќе го пробавте најпопуларниот појадок од социјалните мрежи? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Карантинот „оживеа“ многу стари рецепти, разни колачи и торти, а најновиот тренд е да ги замените житарките со мини палачинки.

Сакате атипичен појадок, но немате инспирација? Нема проблем затоа што носиме одлична идеја што можете да ја испробате денес.

Loading...

СУПЕР ЗДРАВ ПОМФРИТ: Трикот е во подготовата, а подеднакво е вкусен!

Направете минијатурни палачинки во тава за да бидат крцкави од надворешната страна и меки однатре, пренесува Metro.

Потоа, ставете ги во сад, додадете млеко и вашите омилени додатоци – мед, чоколадо, ванила, овошје, путер, јаворов сируп … Што и да е!

Оваа идеја се рашири преку апликацијата TikTok, а неколку илјади луѓе објавија и видеа на кои се гледа како го направиле овој нов омилен појадок.

РЕЦЕПТ: Пилешко во соја сос и мед

Смесата за палачинки можете да ја ставите во пластична кеса, шише од сос или шише за украсување торта за да добиете палачинки со ист изглед и големина.

Оставете ги да се печат добро од првата страна, а потоа свртете ги сите. Обидете се да задржите простор меѓу нив за да не се залепат.

Откако ќе завршат со печење од двете страни, ставете ги во садот, зачинете со омилените додатоци и прелијте со млекото.

Loading...

ТОРНАДО ОМЛЕТ: Гурмански хит за кој полуде светот (ВИДЕО)


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *