Дали туберкулозата предизвикала исчезнување на неандерталците пред 35.000 години?

Сподели со своите пријатели

Нашите изумрени роднини, неандерталците, биле заразени со туберкулоза пред 35.000 години. Дали ова довело до нивно изумирање?

Loading...

Во две студии, објавени во списанието „Tuberculosis“, научниците анализирале фосилни остатоци од неандерталците од пештерата Субалиук во северна Унгарија.

Нивното истражување опфатило биомолекуларна анализа и морфолошка, односно палеопатолошка анализа на скелетните остатоци од неандерталците, пишува порталот All About Archeology.

Анализата на фосилните остатоци на двајца неандерталци, кои морфолошки и генетски имаат човечки и неандерталски карактеристики, покажала дека тие страдале и умреле од заразна болест – туберкулоза.

Фосилните остатоци од неандерталците биле пронајдени во оваа пештера од археолозите во 1932 година.

Анализата C14 покажа дека возрасното лице умрело пред помеѓу 37.000 и 38.000 години, додека три или четиригодишното дете починало помеѓу 33.000 и 34.000 години.

HtmlCode

Патолошки промени поврзани со туберкулоза биле забележани во пршлените и сакрумот кај возрасен.

Кај детето, овие лезии биле забележани на внатрешната страна на черепот.

Loading...

Анализата на липидните биомаркери го потврди постоењето на инфекција со туберкулоза кај двајцата неандерталци.

Туберкулозата е сериозна заразна болест предизвикана од бактеријата Mycobacterium.

Се сметало дека оваа болест потекнува од почетокот на земјоделството во неолитот или раното камено доба, со припитомувањето на животните и дека бактериите преминале од животните на луѓето.

Овој период главно се поврзува со почетокот на пренесувањето на заразните зоонозни заболувања.

Д-р Ѓерѓ Палфи и неговите соработници веруваат дека неандерталците можеле да заболат од туберкулоза ловејќи диви животни.

Односно дека се заразиле откако конзумирале месо од заразено животно, како што е бизонот.

Исто така, авторите веруваат дека оваа болест можеби придонела за истребување на неандерталците.