Дали може да настинете од предолг престој на студено време?

Сподели со своите пријатели

Многумина се грижат дали можат да настинат само благодарение на долгиот престој во студено време?

Loading...

Одговорот е не. Но, сепак, постои врска помеѓу настинката и вирусот.

 

 

„Ние со право ја нарекуваме сезона на настинка и грип“, рече др. Бенџамин Сингер, специјалист за белодробни заболувања во северозападната меморијална болница во Чикаго.

„Риновирусите, кои се едни од главните причини за настинка, се развиваат кон крајот на есента и почетокот на зимата, а грипот се шири на средина и на крајот на зимата“, објаснува тој.

Но, не е виновен само студот.

Loading...

„Респираторните вируси имаат тенденција да се шират многу побрзо во текот на зимските месеци, и многу од нив немаат врска со температурата, туку со луѓето кои се во затворен простор и се во ситуации погодни за ширење на вирусот“, рече др. Даниел Грифин, специјалист за заразни болести од Њујорк.

 

 

Еден од проблемите лежи во недостаток на сонце

„Знаеме дека ултравиолетовата светлина може да помогне во уништување на вирусот, но во зима деновите се пократки, имаме помалку сонце“, рече Грифин.

Секако, поради помалото изложување на сонце, на луѓето уште повеќе им недостасува витамин Д во зима, што влијае на имунитетот.