Дали е безбедно да се јаде туна секој ден?

Сподели со своите пријатели

Конзервираната туна е еден од „најпогодните” извори на протеини што лесно може да се претвори во омилена храна на мажите кои се во мисија да создадат мускули. Дали сепак секојдневната доза на оваа храна е здрава?

Loading...

Според доста експерти за исхрана нема проблем да консумирате риба тон секој ден, но кај некои мажи може да се јават симптоми како кај труење – вртоглавица, прекршени перцепции и други.

Придобивките од кивито за човековото здравје

“Генерално е безбедно за повеќето мажи да јадат туна често, но кај некои постои опасност од труење, ако внесуваат еднакво количество секој ден”, тврди д-р Мајкл Гочфелд, истражувач во британскиот Институт на здравјето и науката.

Причината е вкоренета во количеството жива во производот. При акумулација, тоа може да нанесе доста штета на организмот. Тоа сепак е доста индивидуално и зависи од здравствената состојба на самиот потрошувач, како и од неговите килограми. Речиси сите морски плодови содржат жива, тврди агенцијата за храна.

Кога сепак тие стануваат опасни?

На ова прашање тешко може да се најде соодветен одговор. Еве што мисли за темата советникот за исхрана на машкиот сајт Men’s Health – Алан Арагон. Повеќето истражувачи и експерти се согласуваат со следниве 2 факти:

Кој тип на леб е најдобар за нашето здравје?

Loading...

1. Рибата е корисна за вас. Таа го намалува ризикот од срцеви болести, мозочен удар, дебелина, депресија, рак, астма и други болести, сподели Дариус Мизафариан од Универзитетот Туфс. Ако гп намалите внесот на риба, можете да ги прескокнете сите бенефиции од оваа храна.

2. Ризикот од труење со жива е преувеличен. Живата може да го спречи правилниот развој на нервниот систем на фетусот и малите деца, соопшти Агенцијата за храна. Таа ги советува бремените жени да ја намалат потрошувачката на морска храна богата со жива.

Шест видови храна за вечна младост

Вистината е дека овие совети не се однесуваат на масата луѓе. И сепак е можно возрасни да добијат труење од жива, но за целта треба да јадат големи количини на риба богата со овој метал.

Препорачливо е да не се консумираат повеќе од четири конзервирани туна неделно. Ако сакате да јадете различни видови риба тон и други риби почесто, треба да пресметате колкаво количество жива е безопасно за вашата тежина и годините и да не го пречекорувате.

Leave a Reply