Грчки државјанин вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце откако со документите подал и мито од пет евра.
– На 08.04.2025 во 10.05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.П.П.(40) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваа тод полициата, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал и во зелениот картон ставил банкнота од пет евра.
– По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски