Доктор Злате Мехмедовиќ е назначен за нов директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје.
Министерот за здравство д-р Арбен Таравари вчера именуваше нови в.д. медицински директори во повеќе здравствени установи.
Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје.
Тој е портпарол на Комисијата за заразни болести. Роден е на 18 ноември 1976 година. Бил поранешен директор на Здравствниот дом на Скопје и поранешен претседател на Македонското здружение за медицина на трудот.
Работи како координатор на Надзорниот одбор за реформи во ПЗЗ, координатор за дигитализација во здравството, национален координатор на Светската здравствена организација за ПЗЗ, национален координатор на СЗО за човечки ресурси во здравството и национален координатор на СЗО за тимовите за ургентни состојби.
Меѓу другите назначени директори се:
Универзитетска клиника за уво нос и грло – д-р Игор Камшикоски
Универзитетска клиника за дерматологија – д-р Катерина Дамевска
Универзитетски институт за радиологија – д-р Соња Николова
Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – д-р Ирена Алексиоска-Папастиев
Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболични нарушувања – д-р Танер Хасан
Универзитетска клиника за психијатрија – д-р Славица Арсова-Хаџиангелковска
Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија – д-р Мери Трајковска
Универзитетска клиника за нефрологија – д-р Никола Ѓоргиевски
Универзитетска клиника за ревматологија – д-р Емилија Сандевска
Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација – д-р Злате Мехмедовиќ
Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – д-р Небојша Настов
Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар – д-р Арѓент Муча