Земјите членки на ЕУ, врз основа на заедничка одлука, од денеска ги покануваат руските амбасадори во министерствата за надворешни работи, за да можат пратениците да го изразат својот протест поради одржувањето на референдумот во четири украински региони и нивното припојување кон Русија.
Министерот за надворешни работи на Италија Еторе Франческо Секуи денеска по средбата со рускиот амбасадор во Рим, Сергеј Разов, изјави дека го поканил рускиот претставник да го изрази својот протест поради референдумот за анексија на Доњецк и Луганск, Херсон и Запорожје до Русија.
Италија остро ги осудува незаконските референдуми и не ги признава нивните резултати, нагласи Секуи, наведувајќи дека поканата на руските амбасадори на разговори е заедничка иницијатива на земјите од ЕУ, пренесе ТАС.
Секуи рече и дека Италија ќе поддржи нови санкции против Русија.
Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто денеска го покани рускиот амбасадор во Финска, Павел Кузњецов, кому му ја пренесе истата порака за осуда на референдумот.
Хависто на Твитер напиша дека референдумите претставуваат очигледно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и Повелбата на ОН, пренесе ТАСС.
Истовремено, полското Министерство за надворешни работи го покани рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андрејев, да разговара за анексија на четири украински региони, пренесе ТАСС.
Полскиот заменик министер за надворешни работи Марцин Псидач за ТВ Н24 изјави дека односите со Русија се замрзнати и дека нема да има дипломатски контакти.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.