Четвртина од светското население ќе ги напушти домовите поради климатските промени

Сподели со своите пријатели

Глобалното затоплување што доведува до зголемување на нивото на океаните, ќе предизвика поголема штета на градовите до 2050 година отколку што се сметаше, според написот на Њујорк Тајмс.

Loading...

Порастот на нивото на морето ќе погоди трипати повеќе отколку што досега мислеа експертите, затоа што до 2050 година ќе бидат поплавени неколку големи градови во светот, лоцирани на океанот.

НИ СЛЕДУВА ПЕКОЛНА ИДНИНА: Глобалното затоплување ги надминува предвидувањата

Авторите на текстот, објавен оваа недела, смислиле многу поточен метод на пресметување и предвидување, бидејќи користеле податоци добиени преку сателит и дошле до заклучок дека претходните проценки биле премногу оптимистички.

Според овие нови проценки, дури 150 милиони луѓе живеат на копното, што ќе биде поплавено со голема плима.

Според таа анализа, Јужен Виетнам ќе исчезне целосно под вода.

Глобалното затоплување најавува пекол на земјата

Повеќе од 20 милиони луѓе, една четвртина од населението во светот, ќе мора да ги напуштат своите домови затоа што ќе бидат трајно поплавени.

Loading...

Голем дел од градот Хо Ши Мин, Националниот економски центар, ќе исчезне, како што пресмета американскиот климатски центар во Њу Џерси.

Во Тајланд повеќе од 10 проценти од населението живее на копно, кое ќе биде под вода до 2050 година, а претходната проценка изнесувашесамо 1 процент. Политичкиот и економскиот центар на земјата е особено ризичен.

Како ќе изгледаат луѓето ако продолжи глобалното затоплување? (фото)

Порастот на нивото на морето се заканува да го поплави центарот на Шангај, економскиот центар на Кина и многу од околните области.

Новите проценки предупредуваат дека Мумбаи, економскиот центар во Индија, исто така ќе биде загрозен бидејќи е изграден од мали острови и центарот е особено ранлив.

Пожарите во Австралија ќе бидат „вообичаена состојба“ во целиот свет, сметаат научниците

Авторите на овој извештај предупредуваат дека земјите што се загрозени од потопување во близина на морскиот брег, треба да започнат со подготовките за одбрана од поплави со изградба на брани и насипи, како и внатрешните живеалишта за преместување на населението од поплавените делови на градовите.

Leave a Reply