Проектил погоди брод во Ормутскиот теснец

Сподели со своите пријатели

Непозната ракета денес погоди брод во Ормускиот теснец, објави Агенцијата за поморски и трговски операции на Велика Британија (UKMTO).

Организацијата соопшти дека со задоцнување добила извештај за инцидентот од потврден извор, според новинската агенција Ројтерс.

Се додава дека не е пријавена никаква штета или влијание врз животната средина.

Поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец дополнително се намали на почетокот од оваа недела по интензивирањето на нападите на Блискиот Исток, покажаа податоците за превозот.

Четири товарни бродови поминаа низ Ормускиот теснец вчера, во споредба со 10 претходниот ден, покажаа прелиминарните податоци од компанијата Kpler, објавени денес.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија го забрани извозот на сулфурна киселина до крајот на годината