Четиринаесет години затвор за убиецот на матурантот Ангел Петковски

Сподели со своите пријатели

Основниот суд Скопје 1 го осуди на 14 години затворска казна Насер Ештрефи, обвинет за убиството на матурантот Ангел Петковски од скопската населба Ѓорче Петров, објави порталот Академик.

Loading...

Денеска одбраната и обвинителството цели седум часа ги изнесуваа завршните зборови. Според обвинителството, обвинетиот сторил убиство со умисла и свесно дејствувал во моментот на кривичниот настан.

Убиството се случи лани во мај кога Ештрефи се обидел да му украде велосипед на Ангел по што тој со татко му се стрчале да го фатат. Се случила тепачка во која Ангел смртно бил погоден во срцето со нож со сечиво долго 14 сантиметри. Ештрефи беше веднаш приведен.