Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан денеска најави дека украинските воени бегалци ќе мора да почнат да се грижат за себе, но и за чешките граѓани, додека во соседна Полска властите отворено предупредуваат дека не можат да ги финансираат бегалците на неодредено време и бараат дел од трошоците за сместување да бидат покриени.
„Подготвени сме да ви помогнеме, но од одреден момент, бидејќи имате пристап до здравствениот систем и пазарот на труд, ќе мора да се грижите за себе“, изјави денеска чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан.
Чешкиот премиер Петр Фијала на заедничката прес-конференција со Австриецот ја пофали владата што успеала да обезбеди достоинствени услови и засолниште за речиси 450.000 бегалци од Украина, главно жени и деца, и дека бројот што го примила нивната земја е најголем во Европа, ако за основа се земе бројот по глава на жител.
Повеќе од 100.000 бегалци од Украина во Чешка веќе се грижат за себе бидејќи нашле работа и не го оптоваруваат здравствениот и социјалниот систем, плаќаат и даноци и се проценува дека повеќе од четвртина од Украинците на кои им биле дадени засолништето од Чешка ја напуштија земјата.
Полската влада предупредува дека не може „бескрајно“ да ги покрива трошоците за бегалците.
Таа планира украинските бегалци кои подолго време се во центрите да почнат да ги плаќаат трошоците за сместување.
„Не можеме да го финансираме престојот на бегалците на неодредено време. Во моментов имаме околу 80.000 бегалци кои сѐ уште се во центри, сали, пансиони. Сакаме оние кои се во тие центри подолго од 120 дена да почнат да покриваат 50 отсто од трошоците од јануари“, изјави за радио РМФ претставникот на полската влада за бегалци од Украина, заменик-министерот за внатрешни работи Павел Шефернакер.
Од почетокот на војната во Украина на крајот на февруари, полската граница ја минале околу шест милиони бегалци од Украина, од кои, според податоците од септември, околу 1,4 милиони останале во земјата, од кои 45 отсто се деца, 43 проценти се жени, а седум проценти се постари лица.
Според проценките на ОЕЦД, Полска ќе потроши 6,2 милијарди евра за домување и социјална помош за украинските бегалци, 1,5 милијарди за образование на децата и 664 милиони за здравствена заштита, додека Чешка оваа година ќе потроши 1,9 милијарди евра.
Како и другите земји од ЕУ каде бегалците од Украина најдоа засолниште, Полска и Чешка можат да ги користат фондовите на ЕУ за овие трошоци. Но, и двете земји бараат од ЕУ за ова да се издвојат нови посебни фондови.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.