Чекаше помош на врвот на поплавена зграда, пожарникарите ја спасија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јужна Полска се соочува со големи поплави, при што многу жители чекаат до последен момент да ги напуштат своите домови, ризикувајќи го своето здравје и живот.

Loading...

Пожарникарите деноноќно се на терен и им помагаат на жителите да се борат со водениот бран.

Еден од драматичните моменти е снимен во Клоџко, Полска, каде што пожарникарите спасиле постара жена која се качила се на покривот на поплавената зграда.

Имено, како што пренесуваат полските медиуми, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како пожарникарите спасуваат лице од зграда чиј влез е целосно поплавен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грузискиот парламент усвои рестриктивни закони против ЛГБТ лицата

Во Клоџко ситуацијата е особено тешка бидејќи нивото на реката Ниса Клоџко достигна 796 см, надминувајќи го рекордот од 1997 година.

Ваквиот висок водостој претставува огромна закана и за жителите и за градската инфраструктура.

Во некои делови од градот водата веќе стигнува до првиот кат од зградите.

Жителите на поплавените градови се соочуваат со сериозни последици, меѓу кои и губење на вода и можен прекин на снабдувањето со гас.

Loading...

Во некои градови веќе е најавена евакуација.