Полската агенција за внатрешна безбедност (ABW) приведе двајца украински државјани, на возраст од 24 и 25 години, осомничени за шпионажа и саботажни активности по налог на руските разузнавачки служби, изјави денес координатор на министерот за специјални служби Томаш Шемоњак.
Според Националното обвинителство, осомничените се обвинети за учество во руски разузнавачки активности против Полска, собирање податоци за воени објекти и критична инфраструктура, како и за палење возила во еден од најголемите полски градови, објави ПАП.
Двајца мажи се уапсени во Мињска Мазовјецки и им е одреден притвор од три месеци.
Истрагата се спроведува под надзор на Регионалното обвинителство во Лоѓ.
Семоњак изјави дека осомничените фотографирале критична инфраструктура и воени објекти и дека претходно ги смениле регистарските таблички на своите возила за да одговараат на оние што се користат на возилата на украинската армија.
Според него, целта можела да биде да се прикрие вистинската позадина на активноста и да се пренасочи сомнежот кон украинската страна, што можело да се искористи за ширење дезинформации.
Ресорниот министер додаде дека осомничените добиле паричен надомест за извршување на задачите, вклучително и плаќања во криптовалути.
Кривичните дела за кои се товарат се казниви со доживотен затвор.

