Цените на нафтата на највисоко ниво во последните два и пол месеци

Сподели со своите пријатели

На светските берзи цените на нафтата пораснаа минатата недела, четврти пат по ред, и достигнаа највисоко ниво во последните два и пол месеци, бидејќи трговците очекуваат раст на побарувачката додека понудата останува ограничена.

Loading...

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 5,4 отсто, на 86,06 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 6,3 отсто на 83,82 долари.

Скокот на цените на највисоко ниво за два и пол месеци се должи на надежта на трговците дека побарувачката за нафта ќе расте, заедно со растот на економиите, бидејќи ширењето на омикрон не предизвика толку рестриктивни мерки како претходните варијанти од коронавирус.

Покрај тоа, фокусот на трговците е помалку од очекуваното на понудата на водечките производители од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници предводени од Русија.

Членките на ОПЕК во декември произведуваа само 70.000 барели дневно повеќе отколку во ноември, а договорот од минатото лето им отвори простор да се зголемат за 253.000 барели дневно.

Некои земји не успеаја да ги искористат своите квоти поради недоволно инвестирање и доцнење во одржувањето на бунарите за време на пандемијата на Ковид-19, па побарувачката може да ја надмине понудата.

„Кога ќе се земе предвид фактот дека ОПЕК+ сè уште не ја достигна вкупната производствена квота, може да се заклучи дека конвергенцијата на понудата и побарувачката ќе стане фактор што најсилно ќе ги поддржи цените во наредните месеци“, рече Стивен Бренок.

Слабоста на цените беше поддржана и од слабоста на доларот, бидејќи тоа ја зголемува куповната моќ на сопствениците на други валути, а со тоа и побарувачката за нафта.

Loading...

Загриженоста во врска со понудата е засенета од веста дека Кина планира да одржи нова аукција на нафта од стратешките резерви околу лунарната Нова година како дел од групата земји предводена од САД, чија цел е да го ограничи растот на цените.

Министерството за енергетика на САД минатата недела објави дека продало 18 милиони барели нафта од стратешките резерви.

Зголемувањето на цената на нафтата сè уште може да ја намали загриженоста за побарувачката во Кина поради ширењето на омикрон во градовите Далиан и Тијанџин.

Многу градови, вклучително и Пекинг, ги повикаа граѓаните да не патуваат за новогодишните празници, кои траат од 31 јануари до 6 февруари.

Откако минатата година се зголемија за повеќе од 50 отсто, цената на нафтата скокна за повеќе од 10 отсто во првите две недели од новата година.