Бројот на жртвите во руските ракетни напади се зголеми на 5, најмалку 40 се повредени

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во воздушните напади на руските сили врз Киев и Харков се зголеми на пет, а најмалку 40 лица се повредени, соопштија украинските власти.

Loading...

Едно лице загина во ракетниот напад на Киев, а избувнаа и неколку пожари во кои беа оштетени две станбени високи згради, една деловна зграда и неколку автомобили, пренесува Униан.

Во Харков руски воздушен напад погоди две катни згради, а според прелиминарните податоци три лица загинаа, а околу 30 се повредени.

Едно лице загина во нападот на Павловград во областа Дњепропетровск.

„Спасувачите ги прегледуваат оштетените згради, ги расчистуваат урнатините… Уште еден терористички напад кој однесе животи и остави стотици луѓе без покрив над главата. Ова се вистинските намери на Русија: секојдневен терор врз цивилите“, изјави министерот за внатрешни работи на Украина, Игор Клименко.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозија во Русија: Гори трговскиот центар, има мртви (ВИДЕО)

Украинската војска објави дека Русија лансирала 41 проектил кон Украина и дека украинската противвоздушна одбрана уништила 21.

Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина изјавија дека Русија користела крстаречки и балистички ракети во нападот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...