Бројот на заболени од мали сипаници во светот е зголемен за 20 отсто

Сподели со своите пријатели

Бројот на заболени од сипаници на глобално ниво се зголеми за 20 отсто минатата година поради недостаток на вакцинација во најсиромашните земји во светот и оние кои се погодени од конфликти.

Loading...

Ова го соопштија Светската здравствена организација (СЗО) и Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ).

Се прецизира дека минатата година биле регистрирани околу 10,3 милиони случаи на заразени со сипаници во споредба со 8,65 милиони во 2022 година, објави Ројтерс.

Повеќе од 22 милиони деца ја пропуштија првата доза вакцини против сипаници минатата година, се вели во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија планира да продолжи со префрлање на мигранти во Албанија во јануари

Бројот на смртни случаи поврзани со оваа болест се намали за осум отсто минатата година на 107.500 поради подобриот пристап до здравствени услуги и вакцини во земјите со високи приходи, како што е Европа.

Во соопштението се наведува дека речиси половина од сите епидемии на сипаници се случиле во африканските земји, каде што бројот на смртни случаи се зголемил за 37 отсто, пренесе Ројтерс.

„Во моментов секоја земја во светот има пристап до вакцината против морбили, така што нема причина ниту едно дете да биде заразено или да умре од сипаници“, изјави советничката на СЗО, Наташа Кракрофт.