Во Иран, 139 луѓе починаа во последните 24 часа како резултат на коронавирусот, зголемувајќи го бројот на починати на 2.517, соопшти Министерството за здравство во саботата.
Кијануш Јаханпур, портпарол на Министерството за здравство на Иран, рече дека во последните 24 часа е потврдено дека 3.076 лица имаат COVID-19, така што вкупниот број на заразени со коронавирус достигна 35.408.
Вистината за тоа дали 5G мрежата го предизвика коронавирусот (ВИДЕО)
Тој додаде дека 546 лица се излекувани со што бројката на излечени пациенти достигна 11.679. Јаханпур посочи дека 3.200 пациенти во моментов се во критична состојба.
На 11 март, Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална пандемија поради ширењето на коронавирусот. Покрај Европа, СЗО ја прогласи американската држава Њујорк за нов епицентар на вирусот, кој за прв пат се појави кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан.
САД ја надминаа Кина: Регистрирани над 100.000 заболени од коронавирусот
Повеќе од 27.800 луѓе починале од КОВИД-19 ширум светот, со повеќе од 600.000 потврдени случаи на инфекцијата во повеќе од 175 земји, според Џонс Хопкинс.
Досега се излечени повеќе од 130.000 луѓе.