Брод со мигранти потона во Ла Манш, во тек е спасувачка операција

Сподели со своите пријатели

Брод со мигранти потона денеска во Ла Манш и во тек е спасувачка операција на француските и британските сили, пренесе агенцијата Франс прес.

Loading...

„Бродот се преврте и потрагата е во тек“, изјави портпаролката на поморската префектура на Канал и Северно Море.

Таа рече дека се пронајдени некои патници, без да наведе детали за жртвите.

Во спасувачката акција биле ангажирани пет бродови и еден француски хеликоптер, како и два британски брода.

Повеќе од 100.000 мигранти илегално го преминале Ла Манш со мали чамци од 2018 година.