Владата на Велика Британија воведе санкции за српските бизнисмени Звонко Веселиновиќ, Милан Радоичиќ и Слободан Тешиќ.
Одлуката за санкции е објавена на официјалната веб-страница на Владата на Велика Британија.
Тешиќ, Радоичиќ и Веселиновиќ се на тој список поради коруптивни дејствија.
– Пополнувајќи ги сопствените џебови со кражби и коруптивни дела, корумпираните актери имаат корозивно влијание врз заедницата околу нив, а со тоа ја поткопуваат демократијата и ги ускратуваат виталните интереси на земјите за нивна сопствена корист. Како резултат на тоа, повеќе од два отсто од локалниот бруто домашен производ (БДП) се губи на годишно ниво поради корупција – објаснува Владата на Велика Британија.
Потоа изјавија зошто се санкционирани споменатите лица:
– Слободан Тешиќ е српски трговец со оружје, кој исто така беше обвинет за поткуп на главниот државен обвинител од друга земја.
– Милан Радоичиќ е градежен претприемач и потпретседател на Српска листа. Тој профитираше од проневера на владини договори и го искористи своето влијание за доделување профитабилни работни места на сопствените градежни фирми.
– Звонко Веселиновиќ е исто така градежен претприемач, но од Косово, кој според британската Влада користел јавни договори за проневера на државни средства.
Значајно е да се истакне и дека Интерпол распиша потерница по Слободан Тешиќ, а на листата на американски санкции се и Звонко Веселиновиќ и Милан Радоичиќ.