Британија повика на итна евакуација од Судан пред крајот на примирјето

Сподели со своите пријатели

Велика Британија можеби нема да може да продолжи со евакуација на своите граѓани од Судан кога ќе заврши прекинот на огнот и затоа повика на итна евакуација, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

Loading...

Клеверли изјави за телевизијата Скај њуз дека по прекинот на огнот, тој не може да гарантира дека ќе биде можна евакуација, објави Ројтерс.

Во исто време, Франција денеска соопшти дека досега од Судан евакуирала повеќе од 900 граѓани на своја и на други земји.

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека француската влада досега евакуирала вкупно 936 лица од Судан, вклучувајќи француски, британски, американски, канадски, етиопски, холандски, италијански и шведски државјани.

Суданската армија и паравоените сили за брза реакција (РСФ) се согласија на 72-часовен прекин на огнот од полноќ меѓу понеделник и вторник.

Суданските вооружени сили (САФ) објавија дека САД и Саудиска Арабија посредувале за договор за прекин на огнот и дека прекинот на огнот се користи за евакуација на странски државјани од Судан.

Вооружената борба за власт меѓу суданската армија и РСФ избувна на 15 април.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Судан можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...