Брилијатни успеси на кумановските атлетичари од повеќе меѓународни натпревари

Сподели со своите пријатели

Нови медали, срушени лични рекорди, учества на летниот камп и меѓународни натпревари се само дел од активностите кои во изминатиот период ги имаа атлетичарите на Куманово.

Дел од атлетичарите имаа настап на меѓународниот натпревар на Малта, а еден од нив беше и Милан Вељковиќ.

Таму настапив на дисциплината 110 метри со пречки каде трчав на пречки кои се на сениорски височини и таму успеав да го подобрам својот личен рекорд за половина секунда и успеав да изборам петто место од вкупно 10 натпреварувачи, тоа е во сениорска конкуренција и исто така настапив на двете штафети четири пати по сто метри и четири пати по 400 метри штафети – изјави Вељковиќ.

За Вељковиќ изминатиот период беше доста интересен и воздбудлив. Учествуваше и на Балканското првенство до 19 години кое се одржа во Питешти Романија, а веќе вечерва заминува во Италија на европското првенство.

Тоа беше Балканско првенство до 19 години и таму анстапив на 110 метри со пречки каде настапував со една мала повреда и тоа ми беше прва трка на пречки на таа височина и успеав да истрчам некој солиден резултат кој може уште повеќе да се подобри сега откако се опоравив од повредата. Утре заминувам во Италија на Европско првенство до 19 години каде што ќе настапувам на 110 метри со пречки. Таму ќе се натпреварувам со атлетичари постари две години од мене, така да очекувам барем да го подобрам својот личен рекорд и да изборам што подобар пласман, а во наредните години можеби и борба за медал – додава Вељковиќ.

Катерина Тимчевска, која заедно со Вељковиќ учествувавше на Балканското првенство за сениори кое се одржа во Нови Пазар, Србија се врати со две бронзени медали.

Јас лично учествував во четири дисциплини, морам да кажам дека приоритетни ми беа моите индивидуални, но сепак успеав да се закитам со два бронзени медали со штафети четири пати по сто и четири пати по 400 метри што е особен успех. Вредно е да се напомене дека можеби во последните 20 години Македонија нема земено медал на едно Балканско првенство кое може да се каже дека е доста силна конкуренција, бидејќи сега се додадоа уште неколку нови држави на Балканското првенство како што се Израел, Ерменија, вкупно беа 15 држави и ние во конкуренција од 15 држави успеавме да земеме две брозни на четири пати по сто и четири пати по 400 метри. Во моите индивидуални дисциплини првиот ден учествував на трката во 400 метри, од некои временски неприлики имаше доста силен ветер во гради кој смета за подобрување на резултат, тука не успеав да го подобрам резултат, но сепак наредниот ден времето беше доста попријатно немаше никаков ветер и успеав да го спуштам моето време за цела пола секунда на 200 метри беше 26,17 мојот рекорд, а сега изнесува 25,53 и сум многу задоволна – изјави Катерина Тимчевска.

 Во Нови Пазар учествуваше и Иван Тимчевски, кој иако има 15 години се натпреваруваше во сениорска конкуренција.

Настапував два дена на 1.500 и 800 метри, имав добра трка на 1.500, но бидејќи групата беше многу појака со посебни резултати, а јас се уште имам 15 години и малку ми одлепија и не можев да го дадам својот максимум. Затоа наредниот ден на 800 метри направв добра трка, успеав да завршам шестти во групата со тоа што не беше личен резултат, но беше добра трката – изјави Тимчевски.

Поголема група од членовите на Атлетски клуб Куманово учествуваше и на летниот камп за атлетичари кој се одржа во Охрид.

Освоив прво место на Државното првенство за основни училишта и затоа имав прилика да одам на камп кој траеше шест дена кој го организираше Агенцијата за млади и спорт. Тренирав со спортисти од разни градови од Македонија. По прв пат учествував на летниот камп, си поминав преубаво. Бевме сместени во Студентскиот дом во центарот на Охрид, тренинзите ги одржувавме на стадионот на Блијанини извори. За мене беше многу важно што учествував на овој летен камп, имав можност да запознам многу спортисти да се спријателам – изјави Марија Томиќ.

Јас бев дел од Државното првенство за основни училишта и освоив прво место на 100 метри, така да ми се пружи можност да учествувам на спортскиот камп. Веќе стана една година како тренирам атлетика во овој клуб, со другите спортисти од кампот развивме другарство – Анастасија Петровска.

Кампот траеше шест дена од кои успеав да истренирам три дена, бидејќи имав мала повреда на стапалото, од тие денови успеав да се здружам со повеќе деца од кампот кои се прваци во своите дисциплини и едноставно таму во Охрид доста бев привилегиран да бидам со круг на доста успешни атлетичари и спортисти – изјави Иван Тимчевски.

Со настапот на Милан Вељковиќ во Италија се очекува означување успешен крај на сезоната за кумановските атлетичари кои годинава во градот донесоа многу медали од различни домашни и меѓународни натпреварувања.

фото: архива

Loading...