Браќата Трајановски од Куманово брилираа на Зимското државно првенство во пливање

Сподели со своите пријатели

Членовите на пливачкиот клуб „ТУМБА“ од Куманово овој викенд учествуваа на зимското државно првенство на Македонија кое се одржа на базенот Борис Трајковски во Скопје.

Loading...

Браќата Марко и Никола Трајановски остварија одлични резултати.

 

 

Трајановски  е апсолутен победник на натпреварот, а освои злато во категоријата 200 метри делфин и дури пет сребрени медали во категориите 50 метри слободно, 100 метри делфин, 50 метри грбно, 100 метри грбо и 50 метри делфин. Освои и еден бронзен медал во категоријата 100 метри слободно.

Неговиот помал брат Марко Трајановски беше успешен на 50 метри слободно освојуваќи второ место конкуренција младинци, како и 4 место во сениорска конкуренција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци

 

Loading...

 

Во сениорска конкуренција во категоријата 100 метир делфин освои трето место, а второ во младинска конкуренција. Второ место освои и во категоријата 200 метри делфин во конкуренцијата сениори.

Од тимот на ПК „Тумба“ успешен настап имаа и Теодора Божиновска и Теона Тодоровска во 100 метри делфин и Маша Иванов со учество на 50 метри слободно.

 

 

– Посебно задоволство беше 1-2 победата на браќата Трајановски во трката на 200 метри делфин изјави тренерот Далибор Димковски.

Loading...

На првенството беа пријавени вкупно 380 пливачи во машка и женска конкуренција.

Никола Ивановски