„Браќа Миладиновци“ кај Соколана доби нова фасада (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Заврши поставувањето на новата енергетско-ефикасна фасада на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во близина на Соколана во Куманово, информираа денеска надлежните од училиштето.

Loading...

Учениците кои следат настава во овој истурен објект од наредната учебна 2022/23 година ќе следат настава во објект со реновирана фасада.

Надлежните очекуваат со новата енергетски ефикасна фасада да се намалат трошоците за греење на учениците од нижите одделенија кои следат настава во овој објект од училиштето.

 

 

Во реонското училиште настава следат околу 500 ученици од прво до петто одделение од две централни училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“.

– Во услови на зголемени цени на енергенти, со поставувањето на енергетски ефикасна фасада очекуваме да се намалат трошоците за греење на овој објект во кој настава следат ученици од прво до петто одделение кои живеат од реонот накај Соколана Куманово, изјави директорката на училиштето, Јасмина Спасовска.

Loading...

Санацијата на фасадата се изведува во рамки на проектот кој го спроведува Центарот за развој на североисточниот плански регион, насловен „Подобрување на инфраструктурата за развој на алтернативни форми на туризам, спорт и животна средина“, кој финансиски е поддржан од Министерство за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој.

МИА