Борис Џонсон нашол начин да заработи: Наплаќа за ракување и фотографија

Сподели со своите пријатели

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон наплаќа 121 фунти за ракување и фотографија пред настанот „Вечер со Борис Џонсон“, кој ќе се одржи во живо во Единбург на 2 септември.

Loading...

Поранешниот премиер на Конзервативната партија ќе се појави во салата Ашер на 2 септември во шкотската престолнина на настан на кој посетителите ќе можат да му поставуваат директни прашања, пренесува лондонски Гардијан.

Покрај билетите за слушање на неговиот говор, кои чинат од 65 до 193 евра за ВИП места, гледачите во публиката ќе плаќаат посебно за директно да се сретнат со него.

Настанот беше промовиран на интернет со пофалби за Џонсон, меѓу другото, за „водењето на Конзервативната партија до извонредна изборна победа“, за водењето на влада што „го скрши политичкиот и парламентарниот метеж околу Брегзит“ и за водењето на Обединетото Кралство „низ најтемните денови на пандемијата Ковид-19“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес во Јапонија

Минатата недела, соработниците на поранешниот британски премиер потврдија за Телеграф дека размислува за можно политичко враќање, велејќи дека е уморен да биде далеку од Вестминстер и дека чувствува дека има „незавршена работа“.