Борел: Никој не сака војна со Русија, но на Киев треба да му се дозволи да удри со европско оружје

Сподели со своите пријатели

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, рече дека никој не сака да биде во војна со Русија, но ги повика земјите од ЕУ да дозволат Киев да изврши удари со европско оружје на руска територија.

Loading...

– И покрај тоа што ја разгледуваме можноста да извршиме напад на територијата на Русија, ние не сме во војна со Русија, никој не сака да војува со Русија. Ние едноставно ја поддржуваме Украина – изјави Борел.

Тој, исто така, потврди дека Украина веќе управува со Ф-16-овите што ѝ беа доставени.

Вчера тој им предложи на министрите за надворешни работи да се договорат за став за укинување на сите ограничувања на Киев за удари на руска територија, но по средбата изјави дека не успеале да постигнат единствен став и дека тоа зависи од секој поединечна држава да донесе одлука за ова.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: Ученик со чекан нападнал професори и соученици

Европскиот функционер додаде дека членките на ЕУ ги потрошиле своите воени резерви поради испораките во Украина, додаде европскиот претставник.

– Не можете да ги замислите напорите што ги преземаат европските земји кога станува збор за помош на Украина. Ги потрошивме нашите залихи, треба да ги надополниме. Веќе стигнавме до бројката од 700.000 парчиња муниција од 155 милиметри. Се уште не сме стигнале до целта (еден милион парчиња), но го зголемуваме производството – изјави Борел по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

– ЕУ сака да има координативен центар во Украина за давање воена помош, а не се размислува за испраќање воени инструктори – рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина одби масовен напад на руски дронови врз Киев