Борел: Неопходно е да се продолжи дијалогот со Русија

Сподели со своите пријатели

Европа ќе мора да коегзистира со Русија по конфликтот во Украина и мора да се направат напори за одржување на дијалогот со Москва, изјави европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел за Журнал ду диманш.

Loading...

„Русија ќе продолжи да постои и важно е јасно да се дефинира како мислиме да живееме со неа. Ќе биде многу тешко, но мора да имаме интеракција со Русија. Неопходно е да се продолжи дијалогот со Русија“, рече Борел.

Тој ја истакна важноста да се остават отворени канали за комуникација со Русија, потсетувајќи на посетата на австрискиот канцелар Карл Нехамер на Москва во април.

Борел истакна дека двајца претставници на генералниот секретар на ОН во Русија се обидуваат да го решат прашањето за украинскиот извоз на жито.

Претходно францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Русија не може да биде понижена за еден ден, кога ќе завршат конфликтите, да се најде решение со помош на дипломатијата, пренесува РИА Новости.