Борбен авион се урна во Финска!

Сподели со своите пријатели

Воен авион се урна денес во Финска, недалеку од воена база, соопштија воени претставници.

Loading...

Според извештаите, F/A-18 Hornet се урнал околу 11 часот наутро по локално време недалеку од Раваниеми.

Како што е соопштено, пилотот успеал да се катапултира пред авионот да се сруши. Тој беше пронајден недалеку од местото на несреќата.

Засега не е познато со какви повреди се здобил пилотот.

Истрагата е во тек, а причината за падот на борбениот авион сè уште не е позната.

Според соопштението на финските воздухопловни сили, пилотот е безбеден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започнува изборот на нов папа: Како ќе изгледа сè и кои се фаворитите?