Боливијка во 118. година е највозрасниот жител на планетата

Сподели со своите пријатели

Хулија Флорес Колке од Боливија, која и натаму ужива во песната на староседелскиот јазик и свири на мајушна андска гитара, наскоро ќе наполни 118 години, и е најстарата жена во таа земја, а можеби и во светот, но неофицијално.

Хулија никогаш не слушнала за Гинисовата книга на рекорди и нималку не мари што нејризниот рекорд не е потврден, а портпаролката на Гинисовата книга вели дека не стигнала никаква пријава за нејзините години, пренесува АП.

Во својот долг живот, оваа Јужноамериканка била сведок на две светски војни, револуцијата во родната Боливија и преобразувањето на нејзиното село Сакаба, кое некогаш имало 3.000 жители, а денес е град од 1755.000 луѓе за само пет децении.

Во нејзината лична карта стои дека е родена на 26 октомври 1900 година во рударски камп во боливиските планини.

Како да доживеете 100ка? Тој тврди дека клуч за долговечноста се јогата и целибатот (видео)

Loading...

Овие денови, ужива во друштво на своите кучиња, мачки и кокошки.

Си бистар ум и полна живот, сака да јаде парче добра торта и да пее секому кој ќе ја посети во скромниот дом кој го дели со 65-годишната внука од својата сестра.

– Секогаш беше активна, опуштена и забавна, така Хулија ја опишува нејзината внука, Агустина Берна.

Хулија растела чувајќи овци и лами во боливиските планини, а како тинејџерка се преселила во долината, каде започнала да продава овошје и зеленчук, со што и денеска се прехранува, иако понекогаш ужива во торта или чаша газиран сок.

Никогаш не се мажела и нема деца, а нејзината долговечност е изненадувачка за Боливија, која и натаму е една од јужноамериканските земји со најголема стапка на морталитет.

На овие места живеат најздравите и најдолговечните луѓе

Канцеларијата на градоначалникот на Сакаба ја именувала Хулија Флорес Колка за живо наследство и учествувала во обновата на нејзиниот дом.

Претходно најстариот човек во светот беше 117-годишната Наби Таџима од Јапонија, која почина оваа година.

Leave a Reply