Државниот секретар на САД Ентони Блинкен денеска изјави дека на состанокот на министрите за надворешни работи на членките на НАТО во Брисел се разговарало и за тоа како да се зголеми помошта за поддршка на евроатлантската иднина на Западен Балкан.
Loading...
Тој на Твитер напиша дека НАТО алијансата е единствена, пренесува Танјуг.
„За време на состанокот на министрите за надворешни работи опфативме многу – од нашите очекувања на самитот во Вашингтон следната година, до тоа како можеме да го продлабочиме нашето партнерство со Украина, до тоа како можеме да помогнеме во поддршката на евроатлантската иднина на Западен Балкан, напиша тој.