Блинкен: Ќе се обидеме да спречиме конкуренцијата со Кина да прерасне во конфликт

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека Кина е „најголемиот заеднички стратешки предизвик“ за Вашингтон и Токио, како и за нивните сојузници, и дека САД ќе се обидат да спречат конкуренцијата со Кина да се претвори во конфликт.

Loading...

„Јас и моите јапонски колеги се согласуваме дека Кина е најголемиот заеднички стратешки предизвик со кој се соочуваме ние, како и нашите сојузници и партнери“, рече Блинкен на заедничката конференција со јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши и јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада.

Тој додаде дека САД го поздравуваат ветувањето на Јапонија да ги удвои трошоците за одбрана до 2027 година.

„Со ова Токио ќе поттикне уште поблиска соработка со САД“, изјави Блинкен, пренесува ТАСС.

Според него, Вашингтон и Токио стојат заедно со Украина против рускиот напад.

„За да одговориме на овие и други предизвици, денеска разговаравме за начините за продлабочување на нашата соработка, вклучително и зајакнување на билатералните односи“, рече Блинкен.

Блинкен истакнува и дека „Вашингтон се обидува да спречи конкуренцијата со Пекинг да се претвори во конфликт“.

„Ние не бараме конфликт, се однесуваме одговорно во ова ривалство, но ќе се натпреваруваме силно и ќе се обидеме да ги одржиме отворени линиите на комуникација и да направиме се што можеме за да спречиме ова ривалство да се претвори во конфликт“, рече американскиот секретар. – истакна државата.

Loading...

На американско-јапонската средба присуствуваше и американскиот министер за одбрана Лојд Остин.